Форум на Глобсек

Ковачевски: Државава направи тешки одлуки за членство во ЕУ

31.05.2023 13:08

Држвава направи тешки одлуки за членство евроинтеграцијата, но, ЕУ што ја направи грешката пред пет години, не може да се реши за пет минути – порача премиерот Ковачевски од глобалниот бзбедносен форум во Братислава. Вели, подготвени чекаме да поченеме преговори, се соочуваме со условувања од европски членки поради внатрешни работи...

Северна Македонија направи тешки одлуки за членство во НАТО и во ЕУ, го смени името на државата и НАТО испорача, но не и Унијата, рече премиерот Ковачевски на панелот“ Отворени патишта: балканот се враќа во игра“, посветен на евроинтеграцијата на Западниот Балкан, регионалната соработка и предизвиците за Европа од војната во Украина. Посочи дека потребна е јасна стратегија за проширување на ЕУ на Западниот Балкан.

„Ако има некоја држава која направи потешки одлуки, кога се заврши со референдумот, кога Собранието изгласа, НАТО испорача, а Европската Унија не испорача. Тоа се факти. Зашто што таму измислија некое вето, поради владеење на правото и некои други работи“, рече претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Иако сме подготвени да почнеме со преговорите, Македонија и Албанија се соочуваат со условувања од некои европски членки поради внатрешни работи. Ние не можеме да чекаме уште многу години. Треба да се измисли нешто ново како предвремена поддршка, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

„Го направивме тоа што моравме да го направиме, што се однесува на оценката на Европската комисија. Тоа е машина што го разгледува секој детаљ. Не, подобро кажете ни, добри бевте, но во моментов не можеме да започнеме со овие преговори со вас, затоа што имаме проблеми дома. Ако не функционира со 27 членки, тогаш како ќе функционира со 33. Ова нема да функционира, мора да најдеме нешто поинакво, но во меѓувреме мора да добиете нешто повеќе од нас“, рече Рама.

Премиерот Ковачевски, на маргините на форумот, ќе има билатерална средба со францускиот претседател, Емануел Макрон, а се сретна и со високиот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

Ирина Гелевска