Судан

Војската на Судан ги напушти преговорите за примирје

31.05.2023 13:32

Суданската војска се повлече од разговорите за прекин на огнот со посредство САД и Саудиска Арабија...

Суданската војска се повлече од разговорите за прекин на огнот со посредство САД и Саудиска Арабија.

Ги обвини паравоените сили дека не ги почитуваат обврските. Преговарачите во саудискиот град Џеда ги признаа повторените прекршувања на примирјето.

Преговорите почнаа на почетокот на мај и резултираа со декларација за посветеност на заштитата на цивилите и два краткорочни договори за прекин на огнот.