Основците пред упис во средните училишта
Основците се пред одлуката – која струка да ја запишат во средното образование што ќе им донесе перспектива и солидна плата: отворен ден во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“ со пет насоки. Вообичаено за медицинската струка најголем интерес, рударско геолошката, дрвно преработувачката текстилната настојуваат да ги привлечат идните ученици. Сите струки се конкурентни на пазарот на трудот...

Медицинските струки и овојпат најатрактивни, а во рударската и дрвно-преработувачката се надеваат на поголем интерес. Сите се конкурентни на пазарот на трудот, има соработка со компаниите, иако кај рударските малку, но интересот варира поради неинформираноста, велат од прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“
За медицинските струки се бара место повеќе.
Во прилепската болница има недостиг од кадар. За 50 насто треба да се зголеми бројот на лекарите, а за 30 проценти на медицинските сестри. Во државава недостасува 50 насто од медицинскиот кадар.
Елизабета Митреска
