Македонија

Иницијативата за уставни измени на проверка во Министерството за правда

31.05.2023 14:12

Предлог-иницијативата за промена на Уставот подготвена од Работната група за уставни измени е доставена до Министерството за правда, каде се врши проверка и кога ќе биде целосно подготвена ќе биде испратена до Владата, која треба да ја разгледа и усвои и да ја достави до Собранието...

Предлог-иницијативата за промена на Уставот подготвена од Работната група за уставни измени е доставена до Министерството за правда, каде се врши проверка и кога ќе биде целосно подготвена ќе биде испратена до Владата, која треба да ја разгледа и усвои и да ја достави до Собранието. Според собранискиот претседател Талат Џафери, од моментот на доставување на иницијативата за уставни измени до Собранието, па до нивно усвојување минимално се потребни четири и пол месеци.

Ставот на опозицијата е непроменет-уставни измени по бугарски диктат нема да има.

Парламентарното мнозинство со апел за одговорност до сите политички субјекти. Социјалдемократскиот сојуз го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски да се изјасни дали ќе се придружи на европскиот блок.