Македонија

Ковачевски: Со Мицкоски ќе разговараме за добивање поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграциите

31.05.2023 14:22

Ковачевски и Мицкоски најавија лидерска средба, но засега е неизвесно кога ќе се случи...

Ковачевски и Мицкоски најавија лидерска средба, но засега е неизвесно кога ќе се случи. Со Мицкоски ќе разговараме за добивање поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграциите, изјави за државната МИА премиерот Ковачевски.

Тоа е нешто што ќе го разговараме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и со неговиот тим, бидејќи ќе биде средба на којашто ќе треба да се изнајде начин практично од нивна страна да ја поддржат оваа одлука, која практично е глас за нашата интеграција во Европската унија и не смее и не може да биде предмет на дневно-политички калкулации или на добивање политички поени, истакна Ковачевски по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Братислава.