Околу 120 рудари останаа затрупани во рудникот Сома

15.05.2014 10:49

Времето не е сојузник на околу 120 рударите кои се уште се затрупани во рудникот Сома  во Турција. Надежта кај роднините и пријателите кои во голем број се собрани пред јамата и чекаат нови  вести, е се помала. Над 400 спасители и пожарникари се обидуваат да дојдат до затрупаните. .

„Спасувачките екипи се на терен и како поминува времето се помали се надежите дека ќе најдеме преживеани, досега извадивме 282 тела“, вели министерот за енергетика, Танер Јилдиз.

„Брат ми е заробен во рудникот, тој е дел од тимот за спасување, немаме никакви информации што се случило со него“, вели сестра на еден затрупан рудар.

Се стравува дека бројката ќе биде многу поголема бидејќи за време на експлозијата во рудникот имало смена на работниците. Во земјата е прогласена  тридневна жалост.

„Вакви несреќи се случуваат секаде не само во нашата земја, благодарение на Алах до сега не сме имале вакви катастрофи“, изјави премниерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Според првичните информации експлозијата била предизвикана од неисправен електричен трансформатор. Претставници на компанијата Сома Комур соопштија дека сите мерки за безбедност биле во функција. Голем број земји понудиле помош во спасувачката акција.

Во меѓувреме турската полиција се судри со демонстрантите кои во Анкара и Истанбул бараат оставка на Владата. Најголемиот турски синдикат денеска повика на масовни протести.

Марија Петковска