Работилница во Струмица за предизвиците на законската регулатива за управување со отпад
Колективните постапувачи со отпад но и Министерството за животна средина се договорија да ја интензивираат соработката за да ги надминат предизвиците што ги носи новата законска регулатива. Апелираа и до јавноста да не се уништуваат поставените садови за селекција на отпад оти Министерството и постапувачите ќе поставуваат нова опрема за примарна селекција на отпадот...

Министерството за животна средина и Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанска комора се договорија за заеднички да настапуваат и да ги решаваат проблемите. Вака соопшти министерката за животна средина Каја Шукова, која беше дел од работилницата во Струмица со колективните постапувачи за надминување на предизвиците на законската регулатива.
Шукова кажа дека Министерство за животна средина, ќе направи скрининг за потребите на општините и нивните капацитети за примарна селекција на отпад. Но апелираше дека таа урбана опрема да се чува.
Од Асоцијацијата соопштија дека за нив приоритет е да се има регистар и систем на колективни постапувачи со отпад. На работилницата беа разменети искуства со кои се соочуваат засегнатите страни за спроведување на законите од областа на управување со отпадот и проширената одговорност на производителот.
Ване Трајков
