Европа
Макрон: Неопходна е европска одбранбена структура
31.05.2023 16:32
Европска одбрана, европски столб во НАТО, е незаменливо. Тоа е единствениот начин да се биде кредибилен… на долг рок. Од Европејците зависи дали во иднина ќе можеме да се браниме, наведе Макрон во Братислава.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека е неопходна европската одбранбена структура за кредибилитетот на Европска Унија на долг рок.
Европска одбрана, европски столб во НАТО, е незаменливо. Тоа е единствениот начин да се биде кредибилен… на долг рок. Од Европејците зависи дали во иднина ќе можеме да се браниме, наведе Макрон во Братислава.
Тој го повика Западот да и понуди на Украина „опипливи и веродостојни“ безбедносни гаранции, додека таа се бори со руската инвазија.
