Социјален тренд: Предбрачна заедница како тест за бракот!

15.05.2014 10:50

Социјален тренд кој е се поприсутен кај младите во Македонија е формирањето предбрачна заедница. На тој начин младите проверуваат дали се подготвени за брачниот живот...

Се повеќе се забележува промислено отфрлање на бракот како институција од различни причини. Младите честопати се водат по тоа дека ако нешто тргне наопаку во бракот, најверојатно ќе  поминуваат низ болни разводи. За да бидат сигурни во својот избор, го отфрлаат бракот макар и привремено и гледаат алтернатива во предбрачна или вонбрачната заедница сметаат психилозите.

„Кога живеаат заедно можат да ги видат сите свои карактерни особини, маани и навики и да ги прифатат одговорностите кои ги носи брачната заедница. Доколку видат дека не можат да живеат заедно, тие го прекинуваат тој однос и продлжуваат да функционираат одвоено“, вели психологот Сузана Митровска.

Оние кои се во вонбрачната заедница гледаат како на привремена, пробна заедница и   најчесто со раѓањето на првото дете ја официјализираат нивната врска. Тие ја користат предноста на пробниот брак за подобро да се запознаат и спремно да запловат во брачните води.

„Сега во тренд е предбрачната заедница, но кога ќе се земат во предвид големиот број на разводи добро е да си живее првин во пробен брак...Според мене, првин треба да се запознаат меѓусебно барем една година, а потоа да стапат во брак...“ сметаат младите кумановци.

Трендот на пробно живеење најмногу е застапен кај повозрасните млади луѓе кои се посвесни на обврските и одговорноста на бракот.

Бракот е сложена институција која бара напори од двајцата партнери, но тоа не значи дека и вонбрачната заедница бара помалку додаваат експертите.

 

Габриела Димковиќ