Ковачевски и Мицкоски најавија лидерска средба, неизвесно е кога ќе се случи
На лидерската средба ќе се разговара за одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските односи...

Ковачевски и Мицкоски најавија лидерска средба, но засега е неизвесно кога ќе се случи. Ќе се разговара за одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските односи.
Со Мицкоски ќе разговараме за добивање поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграциите- изјави за МИА, премиерот Ковачевски. Тоа е нешто што ќе го разговараме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и со неговиот тим, бидејќи ќе биде средба на којашто ќе треба да се изнајде начин практично од нивна страна да ја поддржат оваа одлука, која практично е глас за нашата интеграција во ЕУ, и не смее, и не може да биде предмет на дневно-политички калкулации или на добивање политички поени- истакна Ковачевски по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен во Братислава.
Ковачевски вели дека е рационален оптимист и дека верува во остварување на целта- членство во ЕУ.
