Евроинтеграции

Маричиќ од Брисел: ЕУ има план за брза евроинтеграција, шанса која не смееме да ја пропуштиме

31.05.2023 18:23

Маричиќ после средбите со европратениците од Европскиот Парламент испрати преку видеообраќање испрати порака дека ЕУ има план за Северна Македонија и регионот и дека со заедничка акција на сите политички субјекти треба до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена...

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ после средбите со европратениците од Европскиот Парламент испрати преку видеообраќање испрати порака дека ЕУ има план за Северна Македонија и регионот и дека со заедничка акција на сите политички субјекти треба до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена.

„Треба да ја разбереме итноста и неодложната задача која ја имаме пред нас да ја завршиме успешно. Неопходен е дијалогот помеѓу политичките партии кои делат европски вредности, за кои нема компромиси, или сме за ЕУ или не. Ова е ситуација во која ќе покажеме дека навистина сакаме Северна Македонија да биде во друштво и на маса со демократско развиените земји. ЕУ покажа дека има план и одговорност за нас. Имаме и ние план кој со заедничка акција на сите политички субјекти треба да го реализираме и до 2030 да ја валоризираме шансата којашто ни е дадена“- нагласи Маричиќ во обраќањето.

Во рамки на дводневната работна посета на Брисел, Маричиќ оствари средби со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот Парламент, Тонино Пицула, Матјаж Немец и Андреас Шидер, со европратеничка од група на Зелените, Тинеке Стрике, австрискиот европратеник Кристијан Сагарц, известител во сенка на Европската народна партија за Република Северна Македонија во Европскиот парламент и Ираче Гарсија Перес, европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалдемократи во Европскиот парламент, Ираче Гарсија Перез.