Македонија
Повлечен учебникот по Историја и општество за петто одделение
31.05.2023 19:48
Министерството за образование и наука објави повик за формирање авторски тим за изработка на нов учебник и заинтересираните автори може да се пријават до 5-ти јуни.

Учебникот по Историја и општество за петто одделение е повлечен од употреба поради грешки во содржината. Министерството за образование и наука објави повик за формирање авторски тим за изработка на нов учебник и заинтересираните автори може да се пријават до 5-ти јуни.
Поради грешките во учебникот, кои беа увидени во декември, само неколку дена откако учениците го добија, реагираше Здружението на историчарите и јавноста, а МОН на крајот на минатата година информираше дека комисија ќе ја преиспита целата содржина и ќе даде предлог за соодветни корекции.
