Детски фестивал

Денеска почнува меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св. Троица“ во општина Аеродром

01.06.2023 09:23

Официјалното отворање на фестивалот е утре, по најавеното дефиле на сите учесници по главна улица низ Долно Лисиче. Учесници на овој фестивал се домаќините и организатори КУД „Гоце Маркоски“, фолклорни групи од Бугарија, Србија, Косово, како и фолклорни групи од Крива Паланка, Вевчани, Гостивар и Скопје...

Од денеска до 5 јуни ќе се одржува меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св. Троица“ во Долно Лисиче и општина Аеродром, во чест на празникот Св. Троица, што воедно е и пратрон празник на Долно Лисиче.

Официјалното отворање на фестивалот е утре, по најавеното дефиле на сите учесници по главна улица низ Долно Лисиче. Учесници на овој фестивал се домаќините и организатори КУД „Гоце Маркоски“, фолклорни групи од Бугарија, Србија, Косово, како и фолклорни групи од Крива Паланка, Вевчани, Гостивар и Скопје.

Од самото започнување во 2015 година па се до минатата година, на меѓународниот фестивал „Св. Троица“ учество имаат земено групи од Бугарија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Романија, Словачка и Полска, соопштија организаторите на фестивалот.