Украина
Нов руски воздушен напад на Киев
01.06.2023 09:27
Две деца и еден возрасен загинаа во последниот руски ракетен напад на Киев. Од почетокот на мај, Русија често го напаѓа Киев со проектили и дронови...

Две деца и еден возрасен загинаа во последниот руски ракетен напад на Киев. Од почетокот на мај, Русија често го напаѓа Киев со проектили и дронови. Градоначалникот Кличко, изјави дека имало серија експлозии во градот, при што се ранети уште 14 луѓе, од кои девет се хоспитализирани. Ова беше четврти воздушен напад на Киев оваа недела.
Вкупно 17 беа изведени во мај. аналитичарите сметаат дека Русија со честите напади се обидува да ја ослабне украинската противвоздушна одбрана во пресрет на противофанзивата со модерно западно оружје.
