САД
Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина
01.06.2023 09:29
Американскиот претседател Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина од 300 милиони долари, кој вклучува дополнителна муниција за дронови и друго оружје...

Американскиот претседател Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина од 300 милиони долари, кој вклучува дополнителна муниција за дронови и друго оружје.
Помошта вклучува и опрема за отстранување мини, противтенковски гранати, ракети, опрема за ноќно гледање и околу 30 милиони парчиња малокалибарско оружје. На списокот се наоѓа и необјавена количина на други видови муниција.
