САД

Пенс во трка за републиканска претседателска номинација

01.06.2023 09:33

Пенс ќе ја почне кампањата за републиканската номинација на 7 јуни во Ајова...

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс следната недела официјално ќе влезе во трката за републиканска претседателска номинација. Пенс ќе ја почне кампањата за републиканската номинација на 7 јуни во Ајова.

Негови главни ривали ќе бидат неговиот поранешен шеф Доналд Трамп и гувернерот на Флорида, Рон Десантис.