Сообраќај
Санкционирани 218 возачи за брзо возење
01.06.2023 10:01
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 218 возачи.
Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 163 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 55 надвор од населено место, информираат од МВР.
