Хрватите во САД без визи од 2015 година?!

15.05.2014 11:10

Хрватските државјани би можеле да патуваат во САД без визи веќе за една година, изјавил хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ по средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден во Вашингтон, пренесува Al Jazeera.

Американската страна смета дека Хрватска ги исполнила сите неопходни услови, но дека ова прашање е поврзано и со имиграциската политика за која во моментот расправа американскиот Конгрес.

 Бајден и Јосиповиќ разговарале и за енергетската безбедност и за новата позиција на Хрватска, со оглед на ситуацијата во Украина, и потребата за енергетска независност на Европа.

 Хрватскиот претседател изјавил дека новата енергетска ситуација, како и фактот што Хрватска може да стане јазол на влезот на нафтата и гасот во Европа, како и податокот што во Јадранот се откриени нови наоѓалишта на гас и нафта, би можела да биде драматична, нова и одлучувачка точка за иднината на Хрватска во следниот период.

 „Ова Хрватска мора да го искористи. Тоа е главната цел на моето доаѓање во Соединетите Држави, да ја запознам владата и бизнис заедницата со оваа нова ситуација, да ги уверам дека Хрватска е сигурна земја за инвестиции", заклучил Јосиповиќ.

 Според информациите на Al Jazeera, добиени од американски извори, Вашингтон е заинтересиран за улогата на Хрватска во енергетската независност на Европа од Русија.

 Американската влада не би сакала Хрватска да и ги продаде своите акции во хрватската нафтена компанија ИНА, на некоја руска компанија, бидејќи со ова би се загрозила енергетската независност, не само на Хрватска, туку и на Унгарија, која е важен американски стратешки партнер.