Кошарка

МЗТ Скопје Аеродром го совлада Пелистер

01.06.2023 10:39

Во првите 20 минути играчите на МЗТ не блескаа, но премногу лесно стигнаа до позитива од 15 поени (42:27) како што стоеше на семафорот во 17 минута од играта, во финалната серијата од Првата македонска кошаркарска лига го совлада Пелистер овојпат со 75:67...

МЗТ Скопје Аеродром и по вторпат во СЦ „Јане Сандански“, во финалната серијата од Првата македонска кошаркарска лига го совлада Пелистер овојпат со 75:67.

Во првите 20 минути играчите на МЗТ не блескаа, но премногу лесно стигнаа до позитива од 15 поени (42:27) како што стоеше на семафорот во 17 минута од играта.

И по три четвртини, МЗТ Скопје беше „мирен“, на позитива од 12 поени (62:50), а во оној последен дел, бранителот на круната подобро одиграа битолчани. Најефикасен во победничките редови беше В. Стојановски со 23 поени, следен од А. Абу кој запиша 15. На спротивната страна за битолската екипа А. Маслинко имаше „дабл-дабл“ учинок од 16 поени и 10 скока, додека К. Карпентер имаше 14 поени, и пет скока и асистенции.

Следниот трет меч ќе се игра во Битола на 4 јуни кога МЗТ ќе ја има првата „меч-топка“ во обидот да ја освои титулата оваа сезона.