Милевски го објави списокот за натпреварите против Украина и Англија
На списокот очекувано го нема Бојан Миовски кој заработи тешка повреда во последниот настап за Абердин и според најавите, го чека пауза од барам два месеци. Во нападот и за овие средби е Илија Несторовски кој во последно време добиваше минутажа во Удинезе...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски објави список со 29 фудбалери за претстојните квалификациски натпревари против Украина и Англија.
На списокот очекувано го нема Бојан Миовски кој заработи тешка повреда во последниот настап за Абердин и според, најавите го чека пауза од барам два месеци. Во нападот и за овие средби е Илија Несторовски кој во последно време добиваше минутажа во Удинезе, а на последната средба постигна и гол. На местото на Миовски повик доби Љупче Дориев.
Дебитантски повик доби Сефер Емини кој настапува во дански Сондерсјике.
Повикани се и четири голмани Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Дејан Илиев и Игор Алексовски.
Со Украина играме дома на 16-ти јуни, а три дена подоцна со Англија на гости
