Академија Пандев се ребрендира во „Брера Струмица“
Македонскиот прволигаш Академија Пандев во новата сезона ќе настапува ребрендиран, под името „Брера Струмица“, откако легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев за 600.000 евра продаде 90 отсто од акциите на „Брера Холдингс“...

Македонскиот прволигаш Академија Пандев во новата сезона ќе настапува ребрендиран, под името „Брера Струмица“, откако легендарниот македонски фудбалер Горан Пандев за 600.000 евра продаде 90 отсто од акциите на „Брера Холдингс“.
Сезонава Академија Пандев обезбеди опстанок и одигра далеку послаба сезона откако во претходната беше македонски вицешампион. Во Академија Пандев во очекување е именувањето на новиот стратег откако Александар Васоски пред крајот на сезоната си поднесе оставка. Единствениот трофеј во нивната кратката историја е куп трофејот во 2019 година.
Во наредниот период струмичкиот клуб треба да ја објави новата раководна структура, новиот тренер како и новите засилувања кои ќе треба да го подигнат клубот на повисоко ниво.
