Вучиќ ги советува Србите како да протестираат
Претседателот на Србија Вучиќ во пресрет на Самитот на европската политичка заедница кај Кишињев изјави дека Србија ќе се обиде да ги зачува мирот и стабилноста и да направи сè за да ја деескалира ситуацијата на Косово...

Претседателот на Србија Вучиќ во пресрет на Самитот на европската политичка заедница кај Кишињев изјави дека Србија ќе се обиде да ги зачува мирот и стабилноста и да направи сè за да ја деескалира ситуацијата на Косово. Рече дека средбите со францускиот претседател и германскиот канцелар Макрон и Солка нема да бидат лесни, но се важни.
Меѓудругото, Вучиќ рече дека побарал од Србите од северот на Косово да истраат на правото и правдата на мирен начин, особено кон припадниците на КФОР.
Претседателката на Косово, пак Османи изјави дека Србија и криминалните структури се одговорни за ескалацијата на насилството на Косово и дека Србија нема место на овој европски самит во Кишињев, ниту во европската заедница на народи.
