ЕБОР: Кризта ќе и донесе рецесија на Украина и стагнација на Русија
15.05.2014 11:11
Економистите на ЕБОР најавија ревидирани предвидувања, според кои Украина ќе навлезе во длабока рецесија во 2014 година...

Кризата во Украина негативно ќе влијае не само врз Киев и Москва туку и врз економијата на поголемиот дел од Европа и регионот на Кавказ, соопшти Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
На годишниот состанок на бордот на банката во Варшава, економистите на ЕБОР најавија ревидирани предвидувања, според кои Украина ќе навлезе во длабока рецесија во 2014 година.
Од друга страна, санкциите против Русија ќе предизвикаат стагнација на земјата. Се предвидува намалување на економскиот раст во Белорусија, Молдавија, Ерменија, Азербејџан и Грузија.
