Кишињев

Ковачевски и Рама на средба со Зеленски во Кишињев

01.06.2023 12:44

Премиерот Ковачевски со албанскиот колега Рама на маргините на Самитот во Кишињев имаа средба со украинскиот претседател Зеленски...

Премиерот Ковачевски со албанскиот колега Рама на маргините на Самитот во Кишињев имаа средба со украинскиот претседател Зеленски. Ковачевски му рекол дека нашата земја го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и нејзиното право самостојно да го трасира својот пат, додавајќи дека ќе продолжи поддршката од Скопје.

Зеленски, пак, рекол дека украинскиот народот ја цени поддршката која доаѓа во клучни моменти. Според Ковачевски, Украина е меѓу приоритетите при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, Скопје ја поддржува евроатлантската интеграција на оваа земја и политиката на отворени врати на НАТО.