ДКСК

Антикоруциска ги чека целосните договори за коридорите 8 и 10д

01.06.2023 12:48

Антикорупциска сè уште чека Владата да го достави целосниот договор со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. Откако ќе го добие класифицираниот дел од договорот, на увид ќе го има само членот што поседува безбедносен сертификат. Законите за изградба на автопатите донесени по скратена постапка, со европско знаменце, отвораат можност за висок степен на политичка корупција, смета Бајрами член на комисијата...

Антикорупциска сè уште чека Владата да го достави целосниот договор со „Бехтел и Енка“ за изградбата на четирите автопатишта. Откако ДКСК ќе го добие класифицираниот дел од договорот, на увид ќе го има членот што поседува безбедносен сертификат. Законите за коридорите што се донесоа по скратена постапка, со европско знаменце, отвораат можност за висок степен на политичка корупција, вели членот Нури Бајмари, кој смета дека ваквата практика е спротивна на европските стандарди.

За да се достави договорот до медиумите, до ДКСК, до пратениците, мора да има согласност од двете страни и од Владата и од конзорциумот вели првиот вицепремиер Артан Груби. Посочи дека компанијата која ќе ги гради коридорите доставила редактирана верзија која е пратена до антикорупциска, а Јавното обвинителство ја има целосната верзија.

Дел од членовите се согласни дека антикорупциска во овој случај може само да укажува. Во борбата со корупцијата велат потребно е да се вклучат и други државни органи. Членот Шемси Салаи, пак, смета дека патиштата треба да се градат, а ДКСК будно ќе следи доколку има злоупотреба и на еден денар народни пари.

ДКСК апелира сериозно да се сфатат критиките од САД, Европската комисија и амбасадорот на Холандија за високиот степен на корупција во земјава.

 

 

Викторија Милевска