Ексклузивен коцерт на „фадо“ музика со Македонската филхармонија и Камане

15.05.2014 11:23

Камане во Скопје доаѓа по серијата концерти низ Германија, каде исто така настапува со неговиот проект „Најдоброто од 1995-2013“...

Љубителите на музиката вечерва во Универзалната сала ќе имаат можност за необично патување низ звуците португалското фадо.

Македонската филхармонија под диригентсво на Борјан Цанев, а заедно со Камане, кој е еден од најдобрите претставници на фадо стилот и неговиот трочлен бенд, ќе претстави некои од најдобрите и најпопуларни композиции на Камане симени на 10 албуми за продукциската куќа ЕМИ и наградени со бројни признанија.

Шест од овие албуми се продадени во милионски тиражи и го достигнуваат врвот на португалските топ листи. 

Камане во Скопје доаѓа по серијата концерти низ Германија, каде исто така настапува со неговиот проект „Најдоброто од 1995-2013“. За фадото, Камане вели дека е во неговата крв- двајцата негови прадедовци биле фадисти, а и неговите браќа се  познати престставници на стилот.

На сцената заедно со Камане  и македонската филхармонија ќе настапат и Хозе Мануел Нето на португалска гитара, Карлос Мануел Проенса на фадо виола и Пауло Паз на котрабас.

Камане, предводник на новата генерација фадо вокалисти, медиумите ширум светот го опишуваат како „најголемиот фадо пејач на нашето време“, го одликува глас кој изобилува со меланхолија, соодветно на фадо стилот неговата музика е полна со емоции кои  Камане нескриено ги изразува на сцената.

Специфичниот стил на фадо музиката има свои следбеници низ целиот свет, а самиот Камане смета дека „кога фадо музиката се изведува со вистинска искрена емоција- таа ги надминува сите јазични бариери“.