Струмица

Во Струмица одбележан Денот на згрижувачките семејства

01.06.2023 14:10

Во Струмица одбележан Денот на згрижувачките семејства при што надлежните ги повикаа заинтересираните кои имаат можност да згрижат деца и подарат насмевки. Во земјава има регистрирано 360 згрижувачки семејства во кои се сместени 608 деца без родители и родителска грижа. Од СОС Детско село соопштија дека ќе отворат канцеларија за поддршка на згрижувачките семејства и во Струмица...

„За повеќе детски насмевки“, под ова мото Центарот за поддршка на згрижувачките семејства СОС Детско село од Скопје во Струмица организираше отворен семеен ден за да ја анимира јавноста и семејствата кои се во можност да ги отвораат и згрижат деца без родители и родителска грижа.

Во земјава регистрирани се 360 згрижувачки семејства, во кои се сместени 608 деца без родители и родителска грижа. Во Струмица, се водат 18 згрижувачки семејства и главна цел на СОС Детско село е да отвори дисперзирана канцеларија во Струмица за поддршка на згрижувачите.

Социјалната услуга за згрижување на деца, изнесува од 6 до 18 илјади денари месечно за дете, во зависност дали тоа е сместено во општо или роднинско згрижувачко семејство и бројот на децата кои ќе бидат згрижени.

 

Ване Трајков