Здравство

На скопскиот Клинички центар направена прва операција на колено со помош на робот

01.06.2023 14:42

Првпат е употребен робот при интервенција на колена на Клиниката за ортопедија. Македонските лекари со грчките колеги успешно извеле операција на 70-годишна пациентка. Министерот за здравство вети дека ќе се направат напори за набавка на ваков робот, кој сега беше позајмен од Грците...

Робот почна да се користи при ортопедски операции и во Македонија. За првпат изведена е операција на артроза на колено со дегенеративни промени со асистенција на робот. Ваква интервенција првпат се изведува во македонското здравство, и тоа во ортопедијата. Хирурзите претходно поминаа обука со колегите од Грција. Пациентите треба да ги лекуваме по светски стандарди, рече директорот на клиниката Трајановски.

За замена пак, на протеза, колк или колено на Клиниката се чека околу 3-4 месеци. Министерот со предизвик до хирурзите.

Министерот побарал од Владата укинување на службата за општи и заеднички работи на Клиничкиот центар. Смета дека неоправдано се трошат многу пари. Има план недостигот од кадар во внатрешноста да го реши со прераспределба на специјалисти кои планираат да го одложат пензионирањето, па од 64 до 67 години возраст да лекуваат и да обучуваат млади лекари.

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски