Скопје

Пожар во напуштена куќа во близина на „Ист Гејт Мол“

01.06.2023 16:53

Пожарникарите веднаш го ставија пожарот под контрола, за кој првично не се знае како се запалил.

Околу 15.30 на паркингот спроти „Ист Гејт“ интервенираше противпожарната единица во гасење на пожар во напуштена куќа до хотелот ВИП.

Пожарникарите веднаш го ставија пожарот под контрола, за кој првично не се знае како се запалил.

Сепак соседите од околните куќи кои не сакаа да зборуваат пред камера бараа да се апелира до полицијата и општината бидејќи куќата, како што рекоа, е собиралиште на бездомници и луѓе кои собираат стари работи.