Свет
Русија со нови напади, прогласена вонредна опасност
02.06.2023 09:16
Украинските власти соопштија дека одбраната соборила повеќе од 30 руски ракети и беспилотни летала. Москва извела околу 20 одделни ракетни и беспилотни напади врз украинските градови од почетокот на мај.

Русија изведе серија напади во Украина. Прогласена е вонредна воздушна опасност низ земјата. По неколку часа, заканата беше Укината за поголемиот дел од земјата, вклучувајќи го и Киев.
Украинските власти соопштија дека одбраната соборила повеќе од 30 руски ракети и беспилотни летала. Москва извела околу 20 одделни ракетни и беспилотни напади врз украинските градови од почетокот на мај.
Во меѓувреме, проукраинскиот руски доброволен корпус и Легијата на слободата на Русија, наводно, извеле уште една операција во Белгород.
