Косово

Вонредна седница на собранието во Приштина

02.06.2023 10:16

Мирна ноќ во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ...

Парламентот во Приштина денеска ќе одржи вонредна седница на која единствена точка на дневен ред ќе биде ситуацијата на северот на Косово.

Мирна ноќ во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ. Седми ден од кризата во трите општини на северот на Косово, граѓаните повторно се собираат барајќи повлекување на градоначалниците Албанци од општинските згради и повлекување на косовските специјални единици.