ВМРО-ДПМНЕ: Власта укинува антикризни мерки за граѓаните
Впрочем ценовниот шок на граѓаните трае веќе подолго време, и замрзнувањето на цените донекаде беше задоцнето, бидејќи цените на производите веќе беа отидени до „таван“, велат од партијата.

Ако човек сака да биде саркастичен ќе каже дека се што е убаво кратко трае, па така веќе и замрзнатите макарони на Ковачевски кои ги прикажуваше како голем економски и социјален успех на владата ќе имаат одмрзнати цени. Со други зборови оваа „купи ден- помини влада“ на ДУИ и СДС, носи краткорочни мерки за справувањето со ценовниот шок. Но што да се очекува од владини функционери со 78 % повисоки плати, кои немаат абер да ги намалат во оваа криза. Сигурно сега со поголеми плати производите им се гледаат поевтини. Со ова се потврдува народната мудрост која во случајов е дека ситата влада не го верува гладниот народ, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Впрочем ценовниот шок на граѓаните трае веќе подолго време, и замрзнувањето на цените донекаде беше задоцнето, бидејќи цените на производите веќе беа отидени до „таван“, велат од партијата.
Високите цени, значат високи даноци, а високите даноци значи полнење на буџетот, кој потоа се троши за местени тендери, сомнителни зделки и лични бенефити на функционерите на ДУИ и СДС. Но ако веќе замрзнатите цени на основните производи значеа какво такво помало гајле за народот, тогаш оваа мерка треба да биде продолжена. Не може владата да пролонгира кризи, а да укинува антикризни мерки кога се работи за интересот на граѓаните. Не може народот од свој џеб да ги плаќа грешките и криминалите на власта-стои во соопштението.
