Партии

СДСМ: Мицкоски стои пред одлука дали ќе ја поддржи европската иднина

02.06.2023 10:52

За реализација на оваа стратешка цел на државата, неопходни се потребните структурни реформи што започнуваат со уставните измени. Одговорноста за европската иднина на земјата е на сите 120 пратеници, вклучително и на оние од ВМРО-ДПМНЕ, сооштуваат од СДСМ.

По 17 години чекање, нашата држава ги започна преговорите со ЕУ и има историска шанса за брз напредок во евроинтеграциите. За реализација на оваа стратешка цел на државата, неопходни се потребните структурни реформи што започнуваат со уставните измени. Одговорноста за европската иднина на земјата е на сите 120 пратеници, вклучително и на оние од ВМРО-ДПМНЕ, сооштуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека Мицкоски не дава одговор дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во антиевропски блок. Мицкоски стои пред одлуката, дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник, Никола Груевски- стои во соопштението.