Македонија
Пендаровски ќе присуствува на инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган
02.06.2023 12:19
По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости...

Претседателот Стево Пендаровски утре во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни на инаугурацијата во Анкара, соопштуваат од претседателскиот кабинет.
