Алармантно: Во мавровскиот крај на големо се крадат икони

15.05.2014 11:44

За само една недела  обиени се три цркви во мавровската општина . Украдени се шест икони и 600 денари. Денеска полицијата соопшти за кражба во црквата „Свети Никола“ во мавровското село Трница каде се исчезнати четри дрвени икони. Пред три дена надлежните информираа за разбојништво во црквата „ Света Петка“ во истата општина,  од каде арамијата присвоил две икони и 600 денари. Вчера беше ограбена и црквата „Свети Никола“ во селото Кичиница во истиот регион.Полицијата засега ги расчистува трите случаја, но поалармантно е прашањето каде завршуваат овие икони?

За само една недела  обиени се три цркви во мавровската општина . Украдени се шест икони и 600 денари. Денеска полицијата соопшти за кражба во црквата „Свети Никола“ во мавровското село Трница каде се исчезнати четри дрвени икони. Пред три дена надлежните информираа за разбојништво во црквата „ Света Петка“ во истата општина,  од каде арамијата присвоил две икони и 600 денари. Вчера беше ограбена и црквата „Свети Никола“ во селото Кичиница во истиот регион.Полицијата засега ги расчистува трите случаја, но поалармантно е прашањето каде завршуваат овие икони? Рацијата која се случи во Албанија во која беа препознанени македонски икони укажува на фактот дека е можна трговија на црниот пазар со културното наследство на Македонија, каде  фокусот е ставен на иконите.