Македонија
Две жртви во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Штип- Свети Николе
02.06.2023 14:15
Во судир меѓу две возила што се случил во 12 часот и 10 минути, загинаа девојче на возраст од 15 години и 62-годишна жена. Има и повредени со тешки телесни повредени, кои се пренесени во штипската клиничка болница.

Стравотна сообраќајна несреќа на автопатот Штип- Свети Николе, во близина на патарината кај Кадрифаково.
Во судир меѓу две возила што се случил во 12 часот и 10 минути, загинаа девојче на возраст од 15 години и 62-годишна жена. Има и повредени со тешки телесни повредени, кои се пренесени во штипската клиничка болница.
Сообраќајот беше пренасочен по стариот регионален пат. Се истражуваат причините за несреќата.
