Битиќи: Имаме поддршка од европските пријатели, да донесеме државничка одлука
Битиќи преку видео порака ги пренесе импресиите од Самитот на европската политичка заедница кој се одржа во Кишињев, Молдавија, но и очекувањата на главните политички чинители во ЕУ, кои од Северна Македонија очекуваат максимална одговорност за државничката одлука што треба да ја донесеме...
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи преку видео порака ги пренесе импресиите од Самитот на европската политичка заедница кој се одржа во Кишињев, Молдавија, но и очекувањата на главните политички чинители во ЕУ, кои од Северна Македонија очекуваат максимална одговорност за државничката одлука што треба да ја донесеме во наредниот период со измените на нашиот Устав како значаен чекор за просперитет и за европска иднина на сите македонски граѓани.
„Сите наши европски пријатели очекуваат од нас максимална одговорност за државничката одлука што треба да ја донесеме во наредниот период со измените на нашиот Устав. Заеднички е ставот на сите наши пријатели дека со тоа ќе направиме уште еден значаен чекор за просперитет и за европска иднина на сите македонски граѓани“, вели Битиќи во обраќањето.
Вицепремиерот нагласува дека нашата иднина е во ЕУ, друга алтернатива немаме и нема да имаме. Ние сме во моментов на најдобриот и најбрзиот пат до она што нашиот народ го заслужува, а тоа е просперитет, благосостојба и сигурна иднина, додава тој.
