Три жртви во стравотна сообраќајна несреќа на автопатот Штип-Свети Николе
Стравотна сообраќајна несреќа на автопатот Штип-Свети Николе, во близина на патарината кај Кадрифаково. Во судир меѓу две возила, загинаа 15-годишно девојче и две жени на возраст од 37 и 62 години. Има и повредени. Се истражуваат причините за несреќата…

15-годишно девојче и две жени на возраст од 37 и 62 години загинаа на автопатот Штип-Свети Николе. Несреќата се случила попладнево меѓу две возила.
Од СВР-Штип ги потврдуваат информациите. Има и повредени со тешки повреди, кои екипите на брзата помош ги транспортирале во штипската клиничка болница.
На местото на несреќата загинале девојчето и 62-годишната жена, а во болницата во Штип починала 37-годишната жена. Во болницата пренесени сè уште четворица повредени во несреќата.
Интервенирале и припадници на Противпожарната единица. Сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково во прекин, полицијата го пренасочува по стариот регионален пат.
Од СВР Штип најавија повеќе детали по завршувањето на увидот од страна на истражните органи.
Ана Јосифоска-Тодоровска
