Косово
Борел: Нови избори, учество на Србите и формирање на ЗСО
02.06.2023 15:51
Додаде дека во спротивно ќе има сериозни последици за односите со ЕУ. Барањата биле соопштени на средбата со претседателите на Србија и Косово, Вучиќ и Османи.

Нови избори на северот на Косово, обезбедување учество на Србите во нив и формирање заедница на српски општини се барањата на европските претставници, изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Борел.
Додаде дека во спротивно ќе има сериозни последици за односите со ЕУ. Барањата биле соопштени на средбата со претседателите на Србија и Косово, Вучиќ и Османи.
Во меѓувреме, на седмиот ден од кризата во трите општини на северот на Косово, граѓаните повторно бараат повлекување на градоначалниците Албанци и косовските специјални единици.
