Свет

Рекордни температури ширум Кина

02.06.2023 16:26

Во текот на следните три дена, во поголемиот дел од јужна Кина се очекуваат температури над 35 степени целзиусови.

Температурите низ Кина ги надминаа рекордите за мај. Се очекува топлотниот бран да продолжи во поголемиот дел од јужна Кина, што може дополнително да ја оптовари електричната мрежа.

Во текот на следните три дена, во поголемиот дел од јужна Кина се очекуваат температури над 35 степени целзиусови. Во некои области, пак, ќе надминат 40 целзиусови степени.