Велес доби 12 мерни инструменти за квалитетот на воздухот
Откако Министерството за животна средина го отфрлило барањето за поставување на дополнителни мерни инструменти за квалитетот на воздухот во Велес, каде има само еден, со донација од холандски брачен пар градот доби 12 нови со што велешани од сите делови на градот знаат каков воздух дишат...

Градот Велес доби 12 мерни инструменти кои ги покажуваат вредности на квалитетот на амбиенталниот воздух во градот. Тие се донација од холандскиот брачен пар Александер и Ива Долстра. Инструментите ги мерат вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките, работат на струја и на ви-фи. Нивната вредност е околу две илјади евра. Тие може да се следат преку апликацијата „AIR CARE“.
Во Велес има само едем мерен инструмент за квалитетот на воздухот, сопственост на Министерството за животна средина. Тој е поставен во новиот дел на Велес, во дворот на детската градинка во месноста Тунел и не го покрива стариот дел на градот, каде повеќето домаќинства во грејната сезона користат огревно дрво и резултатите не се реални.
Инструментите се поставени на 12 објекти во различни делови на градот. Преку Институтот за јавно здравје, Велес наскоро ќе добие и мерен инструмент за јонизирачко зрачење. Така ќе биде дел од европските гадови каде ќе се мери радиоактивноста на воздухот.
Петар Печков
