Гевгелија

Средношколците од угостителско туристичката струка од Гевгелија добија свој угостителски објект

03.06.2023 11:01

Средношколците од угостителско туристичката струка при гевгелиското средно училиште добија свој функционален објект каде ќе изведуваат практичната настава. Објектот е целосно опремен каде 160 ученици ќе стекнуваат вештини како идни хотелско туристички работници но и готвачи. Изградбата и опремувањето на центарот е со општински пари...

Средношколците од угостителско туристичката струка при гевгелиското средно училиште добија свој функционален објект каде ќе изведуваат практичната настава. Станува збор за угостителска сала со капацитет од 150 луѓе каде идните хотелско туристички работници ќе стекнуваат вештини по кулинарство, аранжирање и послужување.

„Изградбата но и опремувањето на угостителската сала но и кујната се со општински средства. Од функционирањето на овој објект бенефит ќе има и општината“, кажа првиот човек на Гевгелија, Андон Сарамандов.

Во гевгелиската гимназија се школуваат околу 160 ученици од угостителско туристичката струка дел во четиригодишно, а дел во тригодишно образование.

 

 

Ване Трајков