Севилја слави, проклетството врз Бенфика останува
Европа го доби првиот годинешен славодобитник. Севилја ја слави титулата во Лигата на Европа. Бенфика и после 52 години останува со својата губитничка депресија.120 минути траеше битката во Торино со голема борбеност и тензија , а без голови. Тешка, исцрпувачка, со голем набој! Типична Ибериска! Кога се заврте пенал-рулетот среќата се стави на страната на шпанскиот состав.

Европа го доби првиот годинешен славодобитник. Севилја ја слави титулата во Лигата на Европа. Бенфика и после 52 години останува со својата губитничка депресија.120 минути траеше битката во Торино со голема борбеност и тензија , а без голови. Тешка, исцрпувачка, со голем набој! Типична Ибериска! Кога се заврте пенал-рулетот среќата се стави на страната на шпанскиот состав. Претходно, генерацијата на Севилја предводена од харизматичниот тренер Хуанде Рамос во 2006 година прв пат го приграби пехарот, за и во следната 2007 година да го задржи во клупските прегратки.Унаи Емери ја круниса првата своја сезона на клупата на Севилја. Мина низ тешки искушенија на патот до Торино: со победа на пенали над Бетис, лутиот противник од градското соседство,... со елиминација на Порто,... со враќање од „пеколот“ во Валенсија во последните секунди, ...вчера случувањата на „Јувентус стадионот“ беа кулминацијата! „Се виде дека моите играчи страдаат од замор и физичка исцрпеност, но овој тим е научен на страдање. Научивме како да останеме силни, бевме подготвени на тоа.“-вели Унаи Емери.Во придружба на 9000 приврзаници на популарните „Лос Бланхинероси“(црвено-бели), пехарот отпатува во Андалузија.
Бенфика е одново во очај! Го загуби и осмото свое последователно финале во Европските купови! Сличен пример во историјата на фудбалот нема!Бела Гутман, единствениот трофеен тренер во клупската историја на Бенфика остана на „својот курс“.Неговото „проклетство“ фрлено врз најславниот португалски клуб за „сто години без европска титула“ продолжува! Клупската депресијата само се продлабочува. Мината година во финалето Бенфика беше поразена од Челзи во последните секунди. Синоќа во Торино лузната стана подлабока. „Орлите“ не го издржаа психолошкиот товар кој извираше од „белата точка“. Жорге Жезус, тренерот кој требаше да стави крај на пет децениската депресија, два пати стигна пред целта, два пати остана пред неа. Како многумината негови претходници! „Бевме подобри, но во фудбалот најдобрите тимови секогаш не победуваат. Имавме повеќе шанси во 120-те минути, а одново не успеавме.“ – е видувањето за мечот на несреќниот тренер на Бенфика.
Во 44-годишната историја на Купот на УЕФА, сега Лигата на Европа,Севилја се искачи на врвот .Им се приклучи на Јувентус,Ливерпул и Интер најуспешните екипи досега со по три титули.
