Косово

САД се загрижени за ситуацијата на северот на Косово

03.06.2023 09:52

Вашингтон очекува двете страни повторно да се вклучат во дијалогот со Европската унија и целосно да го спроведат договорот за нормализација постигнат претходно оваа година...

Белата куќа изразува загриженост за настаните во северот на Косово. Вашингтон очекува двете страни повторно да се вклучат во дијалогот со Европската унија и целосно да го спроведат договорот за нормализација постигнат претходно оваа година.

Белград да ги повлече вооружените сили распоредени во близина на административната линија и да го намали нивото на борбена готовност. Советникот за национална безбедност на САД побара Приштина да им дозволи на новоизбраните општински претседатели да ги извршуваат своите должности од алтернативни локации и да ги повлече полициските сили од општинските згради.

Во судирите меѓу српските демонстранти и КФОР во понеделникот беа повредени 30 припадници на КФОР и 52 Срби. Поради насилството, НАТО најави испраќање дополнителни војници на Косово.