Индија
Најмалку 280 луѓе загинаа во железничка несреќа во Индија
03.06.2023 09:55
И натаму трае потрагата под остатоците по судирот на три воза во Индија...

И натаму трае потрагата под остатоците по судирот на три воза во Индија. Досега се регистрирани стотици загинати и повредени во најсмртоносната железничка несреќа во Индија во повеќе од две децении.
Повеќе од 200 амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во областа Баласоре во источната сојузна држава Одиша и ангажирани се дополнителни 100 лекари.
Властите велат дека ова е најсмртоносната железничка несреќа во земјата и очекуваат трагичниот биланс да расте.
