МВР
Запленет кокаин во вредност од 10 милиони евра
03.06.2023 10:04
Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин вреден над 10 милиони евра запленија македонската и грчката полиција. Акција се спроведувала на територијата на Грција, а била координирана со американската ДЕА...

Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин вреден над 10 милиони евра запленија македонската и грчката полиција. Акција се спроведувала на територијата на Грција, а била координирана со американската ДЕА.
Според досегашните информации разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани.
Од македонското МВР детали најавуваат во текот на денешниот ден.
