Украина

Пекинг бара да запре испораката на оружје во Киев

03.06.2023 10:15

Руската инвазија на Украина служи да се покаже колку опасен би бил светот доколку големите земји можат да ги нападнат своите мирни соседи да помине неказнето, велат од американското Министерство за одбрана...

Руската инвазија на Украина служи да се покаже колку опасен би бил светот доколку големите земји можат да ги нападнат своите мирни соседи да помине неказнето, велат од американското Министерство за одбрана.

„Инвазијата на Русија ни ги покажува сите опасности и трошоците за средување на хаос. Затоа толку многу земји ги поддржуваат храбрите бранители на Украина против руската војна“, изјави Лојд Остин, секретар за одбрана на САД.

Во меѓувреме претставникот на Кина за Украина, Ли Хуи, ги повика државите да престанат да испраќаат оружје на бојното поле и да придонесат за мировните преговори.