Пронајден дел од фреска со Архиреј
Пронајден е поголем фрагмент, дел од Архиреј во храмот Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир. Се работи за ѕидно сликарство кое потекнува од средновековието, што го прави ова духовно светилиште уникатно со трослојно сликарство...

Фреската со Архиреј се наоѓа во олтарот на манастирската црква. Видно е оштетена, над неа има ѕидно сликарство од 17 век.
Во црквата преовладува фрескоживопис од 19-от век, но и тој на повеќе места е видно оштетен. На негова конзервација се работи со посебни методи.
Заштитата на манастирската црква трае подолг период. Во зависност од одобрување на средствата кои обично се мали, конзерваторите интервенираат.
Освен проблемот со финансиите и недостигот на стручни лица и кадар го отежнуваат процесот на заштита на македонските цркви.
Заштитата на внатрешниот, зависи и од грижата за надворешниот дел на црквите кои се доста оштетени, а влагата е најголем непријател на фреските.
Податоците говорат дека храмот „Пресвета Богородица“ е изграден во 14 век. Особено внимание привлекува архитектурата како и уникатноста на фреската „Страшниот суд“.
Зоран Димовски
