Поради лошото време, струмичките пчелари најавуваат помали приноси од мед
Пчеларите од струмичкиот регион најавуваат годинава помали приноси од мед, но и можно зголемување на цената на овој производ. Причина е врнежливото време и неможноста за нектарење. Паралелно заради појавата на роење им се зголемени и трошоци за одгледување на пчелните семејства...

Обилните врнежи од дожд ќе предизвикаат намалени приноси на мед. Вака сметаат пчеларите од струмичко чии пчелни семејства ги чуваат по околните планини за кои нема нектарење. Според нив ова ќе биде една од најслабите години со мед бидејќи временските прилики не се прилог и очекуваат за 30 отсто помали приноси.
Според Ѓорги Андонов годинава значително ќе бидат зголемени трошоците за чување пчелните семејства, бидејќи врнежливото време ќе предизвика роење.
На пазарот тегла мед се продава по цена од 500 до 700 денари. Пчеларите не ја исклучуваат можноста да се зголеми цената за пред сè заради намалените приноси кои ги предвидуваат, но и заради зголемените трошоци за одгледување.
Ване Трајков
