Интервју на Министерот за надворешни работи Никола Попоски
30.11.2013 14:16
Интервју на Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, објавено на 29 ноември, во престижниот француски весник, Либерасион, дадено за време на неговата работна посета на Париз
ЕУ: Македонија го губи трпението
Малата земја од бивша Југославија, беше прифатена како кандидат за прием во 2005 г. Никола Попоски, министер за надворешни работи, ги повика Франција и Германија да го деблокираат процесот. Сите земји од Балканот имаат за цел да станат полноправни членки на ЕУ. Дали овaa мелодична фраза што Бриселските дипломати ја повторуваат е повеќе од слоган? Имаме право да го поставиме прашањето, кога ќе го видиме исходот ветен на малата Македонија, прифатена како земја со кандидатски статус во 2005-според примерот на Хрватска што влезе во ЕУ на 1 јули- која сеуште чека во предворјето без барем утврден датум за отпочнување на преговори за членство.
Кои се причините за оваа блокада?
-Во 2009 г., грчката влада го покрена прашањето за името на Македонија (нота од редакцијата: кое го сметаат како составен дел на нивното Хеленско историско наследство). Во 1995 г. се согласивме Македонија да го смени Уставот исто како и знамето и дадовме гаранции за неповредливост на границите.
Од друга страна, Грција се обврза да не го блокира приемот на нашата земја во меѓународните институции, како ООН и НАТО, но и ЕУ. Македонија прифати да фигурира во ООН под референцата бивша југословенска република Македонија, тешко да може нешто по понижувачко да се замисли. Грција ја прекрши единствената обврска со блокирање на нашата кандидатура за НАТО во 2008 г. и за ЕУ во 2009 г. Поднесовме тужба во 2008 г. до Меѓународниот суд за правдата во Хаг. Судот во 2011 г. призна дека Грција ги прекрши обврските. Но судот нема механизам за да може да ја спроведе одлуката.
Прашање: Кои се вашите односи со Грција?
Одлични се. Грција е еден од нашите први економски партнери. Македонците се трети по бројност кои секоја година ја посетуваат Грција. Но денеска, поради финансиската криза, Македонија не фигурира ниту во првите 100 приоритети на Атина.
Прашање: Како може ЕУ да ви помогне?
Брисел е наклонет кон започнување на преговори за членство. Комисијата истакна дека статус кво состојбата го доведува во прашање кредибилитетот на процесот за проширување. Но европскиот ангажман има свои лимити. Би требало Германија и Франција да бидат поактивни за деблокирање на прашањето.
